Касато торта без печење - чоколадна со бисквити, крем б
Се прашуваш каква торта да направиш за празниците? Имам супер рецепт за касато торта! Чоколадна, без печење, брза и многу вкусна! Бисквити, крем банани, желе бонбони, чоколадо и рум за идеална слатка приказна. А знаеш што е најдобро? Секој може да ја направи! Нема печење, а ако ги следиш чекорите на видеото, гарантирам дека нема да има грешка. Состојки: • 400 г Vinccini бисквити • 100 г желе бонбони од Donia • 100 г потпечени ореви • 5 крем банани • 400 мл млеко • 200 г чоколадо за готвење • 60 г путер или маргарин • 1 лажица рум • 100 г бело чоколадо за декорација. Подготовка: Бисквитите искршете ги на покрупни парчиња и ставете ги во длабок сад. Оревите крупно изсечкајте ги или измелете ги. Крем бананите и желе бонбоните исечкајте ги. Чинијата или калапот за торта обложете го со најлонска хартија. Во тенџере на оган ставете ги млекото, чоколадото и путерот. Измешајте додека чоколадото се растопи. На крај, додајте го румот. Течноста додајте ја во садот со бисквитите, а потоа додајте ги оревите, желе бонбоните и крем бананите. Измешајте и ставете ја смесата во чинија и израмнете. Тортата ставете ја во фрижидер неколку часа. Потоа превртете ја врз чинија за служење. Белото чоколадо растопете го на пареа. Тортата декорирајте ја со растопено чоколадо и новогодишни мотиви. Некој совет плус: Тортата може да се направи и во посна верзија. Користете Keksini посни бисквити, посно чоколадо, млекото заменето со растително млеко, крем бананите заменети го со желе.