Положување цвеќе пред објектот на поранешната ПС Теар
Положување цвеќе пред објектот на поранешната ПС Теар
Денес во 10.00 часот, делегација на Достоинство предводена од претседателот на партијата Стојанче Ангелов положи букет свежо цвеќе пред објектот во кој во 2001 година се наоѓаше полициската станица Теарце. Пред точно 20 години, на 22 јануари 2001-та, околу 2.00 часот по полноќ оваа полициска станица беше нападната со рачен ракетен фрлач и рафали од автоматско оружје при што животот го загуби полицаецот Момир Стојановски а тројца полицајци беа ранети. Дел од делагацијата беше и еден од ранетите полицајци кој таа ноќ бил на работа во нападнатата станица Јахи Лика, кој на лице место во една траорна атмocфера, објасни како се случил нападот врз полициската станица.