Dave's Kitchen - Италијански леб Фокача - брз и лесен за подго?

Доколку сте љубител на Италијанските вкусови, во тој случај сте на вистинското место. Денеска со Вас ќе споделам како да подготвите традиционален Италијански леб -фокача. Сочна, брза и лесна за подготовка, оваа фокача претставува одлична идеја како да уживате во доматите оваа сезона. Тестото е меко и крцкаво во исто време, а додека ја пробувате ги чуствувате сите Медитерански вкусови во еден залак. Ајде да ви покажам како да ја подготвите. Потребни состојки: 700 г брашно 1 ½ пакетче сув квасец – 1 коцка свеж квасец 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер 50 мл маслиново масло 1 варен и испасиран компир 350 мл млака вода 150 г маслинки 3-4 домати суво оригано свеж босилек За да го подготвите тестото на овој прекрасен Италијански леб, во длабок сад ставете го брашното, квасецот,шеќерот и солта. Промешајте ги сувите состојки и додајте го маслиновото масло, сварениот и испасиран компир и млаката вода. Со помош на дрвена лажица промешајте ги сите состојки додека не започне смесата да формира тесто. Префрлете го тестото на работната површина и со помош на рацете оформете меко и глатко тесто. Вака оформеното тесто ставете го во длабок сад намастен со масло, премачкајте го тестото со маслиново масло за да не формира кора при стасувањето. Покријте го садот со кујнска крпа и оставете фокачата да стаса околу 1 час на собна температура или додека не го зголеми својот волумен. Стасаното тесто префрлете го на работната површина и поделете го на 2 или три еднакви делови во зависност од тоа во колкави тави ќе ги печете фокачите. Секој дел од тестото распределете го со помош на дланките во тавче намастено со маслиново масло. Вака оформените фокачи покријте ги со кујнска крпа и оставете ги да стасаат повторно 40-60 минути во зависност од температурата. Кога ќе стасаат, со помош на прстите направете вдлабнатини за да го добиете изгледот на Италијанска фокача. Врз секоја од фокачите земете добро узреан домат и иситнете го на помали парчиња со помош на вашите дланки за да ги ослободите соковите од него. Распределете го доматот низ целата површина на фокачата. По желба додајте маслинки, свеж босилек и суво оригано. Вака подготвените фокачи, печете ги во добро загреана рерна на 190 степени околу 25-30 минути или додека не добијат убава златно кафена боја. Кога ќе се испечат оставете да се изладат околу 10-15 минути и пресечете парчиња. Сервирајте и уживајте во овој едноставен, но неверојатен вкус. Пријатели, се надевам дека ќе го подготвите овој рецепт и ќе ми испратите фотографија од крајниот резултат. За многу повеќе видеа во иднина не заборавајте да ставите Subscribe на мојот YouTube канал и да го лајкнете ова видео. Добар апетит и забавно готвење до следниот пат.

12+
12 просмотров
год назад

, чтобы оставлять комментарии