Фантастичен леб БЕЗ месење

Колкупати сте го посакале вкусот и мирисот на свежо испечен леб во Вашиот дом? Се што ќе ви биде потребно се неколку состојки кои сигурно ги имате во Вашата кујна, а крајниот резултат е свежо испечен леб кој ќе стане омилен рецепт наредниов период. Потребни состојки: 570 г брашно 2 ½ лажички сув квасец 2 лажички сол 470 мл млака вода 2 лажици мед 1 лажица маслиново масло За да го подготвите овој леб, во длабок сад промешајте ги брашното, сувиот квасец и солта. Промешајте ги сите суви состојки, направете вдлабнатина во средишниот дел и додајте ја водата, медот и маслиновото масло. Со помош на вилушка или лажица промешајте ги сите состојки така што ќе оформите тесто. Премачкајте чист сад со маслиново масло и префрлете го тестото. Покријте со хартија за свежа храна или кујнска крпа и оставете на страна тестото да стаса околу 2 до 3 часа на собна температура. Кога тестото ќе го зголеми својот волумен и ќе има меурчиња на површината, во рерната ставете огноотпорен сад со капак да се загрее на 230 степени. За тоа време, на работната површина ставете малку брашно и префрлете го стасаното тесто. Наросете уште малку брашно и со помош на алатка или со Вашите дланки полека размесете го тестото и оформете округло лепче. Оформеното лепче префрлете го на парче хартија за печење и внимателно префрлете го во загреаното тавче. Поклопете капак и печете околу 30-35 минути, а потоа уште 10 минути без капак. Оставете лепчето да се излади и сервирајте. Пишете ми во коментари на ова видео како ви се допаѓа ова лепче и како вие го подготвувате. Не заборавајте да го лајкнете видеото и да ставите Subscribe за многу повеќе рецепти во иднина. Се гледаме наскоро а до тогаш имајте забавно готвење!

12+
12 просмотров
10 месяцев назад

, чтобы оставлять комментарии